Германскиот гигант забележа пад на продажбата на автомобили: Оваа земја им е „трн во око“- Што треба да направат за да го заштитат важниот пазар?

Германскиот производител на луксузни автомобили „Мерцедес-Бенц“ објави дека во 2024 година продал помалку возила во споредба со минатата година.

Главниот проблем е што доаѓа од Кина, каде што продажбата е намалена.

Германската компанија минатата година продаде 2,39 милиони автомобили, што е за четири отсто помалку од 2023 година.

Падот на продажбата беше донекаде ублажен со подобрите резултати во четвртиот квартал благодарение на благото закрепнување на кинескиот пазар.

Продажбата на автомобили во Кина падна за седум отсто, и покрај закрепнувањето во четвртиот квартал кога се зголемија за три отсто.

Кина е најважниот пазар за водечките германски производители на автомобили, но тие се соочуваат со тешка домашна конкуренција, особено во секторот на електрични возила.