Досега секој што сакаше да купи стока од познати брендови по пониски цени тоа можеше да го направи преку веб-страницата Brands4Friends, но наскоро тоа нема да биде можно.
Германската онлајн продавница Brands4Friends официјално ќе престане со работа на 30 јуни 2023 година, а локалните медиуми јавуваат дека 115 вработени веќе се известени за престанок на работа.
Продавницата Brands4Friends е веб-продавница која е специјализирана за продажба на брендирани производи со попуст. Имаа околу осум милиони регистрирани корисници.
Во 2018 година, Brands4Friends оствари продажба од 137 милиони евра, но само три години подоцна беше забележана продажба од само 63 милиони евра.
Германските медиуми јавуваат дека после тоа почнале да се трупаат црни бројки во бизнисот.
ПОМАЛКУ МАРКИ ДОСТАПНИ
Упатените велат дека неколку внатрешни преструктуирања доведоа до тоа производителите да се префрлат на други добавувачи. Како резултат на тоа, се помалку и помалку брендови беа достапни за клиентите.
Brands4Friends постои од 2007 година. Три години по основањето, eBay го презеде старт-апот за 150 милиони евра.
Со трговијата управува Private Sales GmbH од 2019 година.
Друг познат германски трговски синџир мораше да поднесе барање за стечај од почетокот на 2023 година. Германските медиуми пишуваат дека „Renault Schuhcentrum GmbH“ се соочува со банкрот и дека окружниот суд во Хамелн наредил прелиминарна стечајна постапка на 28 март 2023 година.
Тој е вториот по големина трговски синџир за чевли во Германија по Дејхман.
Неколку трговски синџири претходно исто така поднесоа барање за стечај во последниве месеци, вклучително и два гиганти во индустријата за обувки – Герц и Саламандер. Компаниите ги обвинија последиците од пандемијата на корона и опаѓањето на расположението на потрошувачите.