Руските цариници заплениле 100 килограми кокаин во контејнери со банани кои по морски пат од Белгија пристигнале во Санкт Петербург, соопшти Федералната царинска служба на Русија, пренесуваат тамошните медиуми.
Цариниците пронашле 100 идентични пакетчиња завиткани во кафеав целофан, а при преглед на содржината на пакувањата било утврдено дека запленетата супстанца е кокаин, пренесува РИА Новости.
Отворена е истрага за две кривични дела за криумчарење дрога од особено големи размери, а по осомничените се трага.