Меѓународната криминалистичка полиција (Интерпол) соопшти дека 281 лице се уапсени за време на меѓународна операција посветена на борбата против трговијата со луѓе и борбата против онлајн измамите, феномен кој потекнува од Југоисточна Азија и станува глобален.
Операцијата „Storm Makers II“, против криминалните мрежи кои ги принудуваат мигрантите да работат во центри за сајбер измами, беше спроведена од 16 до 20 октомври во соработка со 27 земји, се наведува во соопштението на Интерпол.