Барселона вечерва конечно доби добра вест, бидејќи Судот за спортска арбитража во Лозана му дозволи на Дани Олмо да игра за клубот од Ноу Камп!
Судот одлучи да им дозволи на Олмо и Пау Виктор да играат за Барселона до завршување на постапката што ја покрена каталонскиот клуб пред истата.
Претходно, барањето на Барселона за продолжување на регистрацијата на Олмо беше одбиено од Ла Лига, како и од Шпанската фудбалска федерација, а Каталонците решија да одат на суд.
Тоа значи дека Олмо од вечерва може да игра за Барселона, бидејќи каталонскиот клуб го чека полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао.
Олмо има право да игра и на тој меч и на потенцијалното финале в недела, а каков ќе биде исходот од постапката пред Судот за спортска арбитража останува да се види.
Дуелот против Билбао започнува во 20:00 часот, но Барса очигледно предоцна ја добила информацијата за дозволата за Олмо и Виктор, па ги нема во протоколот за натпреварот.