Го преживеа нападот на Хамас и годинава ќе го претставува Израел на Евровизија 2025: Зад зборовите на нејзината песна се крие силна симболика (фото/видео)

За Израел, песната „New Day Will Rise“ ќе биде изведена на Евровизија од Јувал Рафаел, која го преживеа нападот на 
Хамас на музичкиот фестивал „Нова“ во Израел на 7 октомври 2023 година.

Нејзината песна оваа година зборува за настаните од 7 октомври, кога пејачката осум часа се криела под тело, а вели дека 
и до ден денес има шрапнели во главата и ногата.

Јувал Рафаел сними и видео за оваа песна, во кое се прикажани млади луѓе како шетаат низ зелен пејзаж со црвени анемони, симболи на јужниот регион на Израел. 

Да потсетиме дека Јувел професионално почна да се занимава со музика пред неколку години и течно зборува три јазици – француски, хебрејски и англиски, што многу и помогна во создавањето на глобална кариера. Минатата година, таа учествуваше во дискусија со Советот за човекови права на ОН за нејзиното искуство од преживувањето на споменатиот напад, кога беа убиени околу 364 луѓе.