Пејачката Тања Савиќ е во хармонична врска со пилотот Мухамед Муки Бешиќ, кој вчера го прослави својот роденден.
Таа имаше настап кој го прекина и пред сите му го честиташе овој значаен ден на својот избраник.
– Сакам да му го честитам роденденот на една моја драга личност. Не знам дали таа моја драга личност е тука вечерва. Моето момче вечерва слави роденден, му посакувам сè најдобро. Еве го, но мислам дека отиде зад сцената. Љубов моја, ти посакувам сè најдобро. Нека те следи среќата – рекла Тања, а Муки го сподели видеото на Инстаграм со натпис:
– Љубов моја, ти благодарам за сè. Ти си мојата среќа и твојата насмевка е мојот најголем подарок – напиша Муки.
По настапот следеше изненадување кое пејачката му го приреди, а фотографијата ја сподели со сите.
– Мојата љубов и нејзините спонтани изненадувања – напиша тој.