Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани, денеска соопшти дека поднесува оставка по катастрофалниот пожар во локална дискотека, во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 беа повредени.
– Во овие најтешки моменти за нашата држава и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови кои можат да ја опишат болката што сите ја чувствуваме. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето, ги познавав нивните семејства, а некои ми беа семејни пријатели, напиша Папазов.
Целосната објава можете да ја прочитате ТУКА