Српските тенисери пристигнаа во Австралија каде што ќе ја претставуваат Србија на Купот на Јунајтед, а во центарот на вниманието беа Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ .
Српскиот тим решил малку да се одмори, па посетиле природен резерват каде Ѓоковиќ направи селфи со куока а потоа решија да „фатат сонце“ на плажа.
Сепак, „Еуроспорт“ направи огромна грешка, откако Новак Ѓоковиќ беше претставен како Хрват!
„Новак Ѓоковиќ и соиграчите од Хрватска се подготвуваат…“ гласи насловот на телевизијата што ги следи тениските турнири ширум светот.