И овојпат Австралија опен не може да помине без коментар за Јелена Ѓоковиќ. Додека сопругата на Новак Ѓоковиќ навиваше од трибините, многумина забележаа еден детаљ на
нејзиното лице. Сè започна откако корисник на социјалната мрежа Х ги објави фотографиите на Јелена и напиша:
„Чиста елеганција“.
За првпат, модното прашање се најде на втор план. Лицето на Јелена кое речиси и да нема шминка е главна тема на коментари. Фокусот е на малку исончаниот тен и сјајот на кожата за кој сонува секоја жена. И, како што многумина претпоставуваат, балансирана исхрана е дефинитивно одговорна за ваква кожа на 38-годишна возраст.
По неколку коментари за нејзината кожа, на ред дојде накитот. Познато е дека Јелена му посветува посебно внимание. Овој пат таа избра обетки и ланче од брендот Van Cleef & Arpels од линијата Алхамбра. Станува збор за накит што го носат членовите на кралските семејства, а интересно е што Јелена избра обетки во форма на детелина – симбол на среќата.
Да потсетиме дека Јелена привлече големо внимание и
со својот дијамантски накит во Париз. Потоа носела златни
Џил обетки кои имаат четири поголеми дијаманти и неколку помали. На официјалната веб-страница на овој бренд има модели во бело и розово злато. Цената на еден пар е
1.560 долари, односно нешто повеќе од 167.000 динари.