Новомажената сопруга многу се налутила и побарала од матичарот веднаш да им го поништи бракот.
Пар се разведоа само три минути откако беа прогласени за маж и жена. Имено, се се случило откако младоженецот ја исмејувал невестата додека ја напуштале свадбената церемонија.
Откако завршила судската постапка, парот се свртел да ја напушти судската зграда, но невестата се сопнала.
Како што пренесува The Mirror понатаму, младоженецот ја нарекол глупава затоа што паднала. Новомажената „госпоѓа“ многу се налутила и побарала од матичарот веднаш да им го поништи бракот. Тој се согласи и го одобри поништувањето само три минути откако ги венча.
Двојката, која живее во Кувајт, никогаш не ја напуштиле судската зграда како маж и жена. Се верува дека тоа е најкраткиот брак во историјата на земјата. Приказната е широко споделена на интернет и многу луѓе веруваат дека жената ја направила вистинската работа.
Едно лице напиша на Твитер: „Бракот без почит е осуден од самиот почеток“, додека друг додаде: „Ако вака се однесува на почетокот, подобро оставете го“.