Дали знаете зошто луѓето почнаа да се бакнуваат? Ќе ве изненади причина која нема врска со љубовта

Можеби мислите дека знаете зошто луѓето уживаат во бакнувањето, но новото истражување откри што всушност ги терало луѓето да се бакнуваат. Причината нема врска со љубовта.

Истражувањето го спроведе Адријано Р. Ламеира, професор по психологија на Универзитетот во Ворвик. Тој утврдил дека бакнувањето порано било еволутивен инстинкт, нешто што човекот го правел за да исчисти друга личност.

„Доказите потврдуваат дека бакнувањето не е знак на наклонетост кај луѓето“, изјави тој за Daily Mail, додавајќи дека верува дека бакнувањето некогаш било дел од методот за отстранување на вошките.

Како што луѓето се развиваа низ еволуцијата, потребата за овој вид на чистење стануваше сè помала. На крајот, она што остана денес е она што го нарекуваме бакнување, односно покажување нежност кон саканата личност.

Ламеира процени дека луѓето почнале да се чистат на овој начин пред околу два до четири милиони години. Најраните податоци за бакнување луѓе се појавуваат во текстовите на Месопотамија околу 2.500. години п.н.е.

Тој додаде дека се уште не е целосно јасно како бакнувањето станало чин од сексуална природа и дека е потребно дополнително истражување.