Дали кафето е првото нешто што го пиете наутро? Нутриционистот открива кој витален орган така го загрозувате

Шолја кафе често е првото нешто по кое посегнуваме веднаш штом ќе станеме, но дали знаевте дека овој избор може дополнително да го оптовари организмот кој и онака е малку дехидриран по добар сон?

Нашата утринска рутина може да има значително влијание врз целокупното здравје, особено врз работата на срцето и крвните садови. Нутриционистката Наташа Алексиќ на својот Инстаграм профил открива дека постои едноставен начин да направите нешто добро за вашето тело наутро, па срцето да ви биде благодарно.

– Кога се будиме, телото е малку дехидрирано, бидејќи губи течност во текот на ноќта. Кафето како диуретик во утринските часови дополнително ја влошува оваа дехидрација и на тој начин може да го напрега срцето и крвните садови. Инаку, познато е дека најголем број на срцеви удари се случуваат во првиот дел од денот, односно во утринските часови, а дехидрацијата може да биде една од причините – предупредува нутриционистот.

Наместо кафе на празен стомак, 
хидрирајте се со чаша вода, а потоа појадувајте храна што содржи 
многу протеини и растителни 
влакна. После тоа, уживајте во кафето, а телото ќе ви се заблагодари, вели Наташа Алексиќ.