Дали се сомневате дека вашиот телефон е прислушуван? Дознајте брзо со еден непогрешлив тест

Многу се зборува за прислушување, а тоа може да го проверите со тест.

Веројатно ви се случило барем еднаш да разговарате за нешто, а потоа на вашиот телефон се појавиле огласи токму за тоа . За што станува збор?

Експертите за сајбер безбедност од NordVPN му објаснија на британскиот весник Дејли Меил каков едноставен тест можете да го користите за да проверите дали вашиот телефон навистина ве шпионира .

Важно е, за да успее тестот, да продолжите да го користите телефонот вообичаено, односно да не менувате никакви навики во врска со пребарувањето, гледањето содржини итн.

Првиот чекор

Треба да најдете тема или производ што никогаш не сте го барале на интернет. 

Втор чекор

Експертите советуваат да почнете што повеќе да разговарате на темата со пријателите, колегите и семејството. Се разбира, важно е да бидете сигурни дека вашиот телефон е некаде во близина кога го правите тоа . Исто така, се советува да разговарате за работи поврзани со темата што сте ја одбрале.

Третиот чекор

Ова е повеќе чекор во кој ви се кажува што да не правите. Затоа, никогаш не барајте на интернет на вашиот телефон ништо што има врска со темата за која сте избрале да разговарате.

Четвртиот чекор

Веќе знаете дека ако рекламите почнат да се појавуваат, тоа значи дека тоа што го кажувате всушност го користи некој за да ви го пласира она што тие мислат дека ќе ве интересира. 

Она што можете да го направите за да го спречите ова е да ги исклучите гласовните асистенти на телефонот и да проверите на кои апликации сте дозволиле пристап до микрофонот – сето тоа се работи и потези кои можат да помогнат.