Дали спиете со мокра коса? Подобро да не – не ви се заканува настинка, туку нешто многу посериозно

Ако некогаш сте ја измиле косата пред спиење и сте легнале на спиење со мокра коса, треба да знаете какви би можеле да бидат последиците.

Многу луѓе веруваат дека одењето во кревет со мокра коса е ризик по здравјето  само поради настинката.

Д-р Чираг Шахи вели дека нема докази дека некој може да настине ако оди во кревет со мокра коса. 

„ Кога некој ќе настине, тоа е затоа што е заразен со вирус“, рече Шахи. 

Настинката е инфекција со вирус, еден од над 200 вируси кои предизвикуваат настинки, обично риновирус.

Додека спиењето со влажна коса нема да ви предизвика настинка, д-р Шах вели дека тоа го зголемува ризикот од развој на габична инфекција на скалпот.

Габата може да расте на влажна перница.

Габата на скалпот може да доведе до состојби како првут или дерматитис, вели Шах, кој препорачува да спиете со сува коса кога е можно.

Покрај габите кои природно се присутни на скалпот, перниците се и почва за размножување на габите. Успеваат во топли средини, а влажните навлаки за перници и перничиња обезбедуваат идеални места за размножување.

Една студија покажа дека 4-16 различни видови габи може да се најдат на влажна постелнина. 

Меѓу нив е и габа одговорна за предизвикување тешки инфекции кај луѓе со ослабен имунолошки систем. Може да ги влоши симптомите на астма, пренесува Healthline.