Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што попладнево околу 14 часот се случи на магистралниот пат Кочани – Штип, во близина на подвозникот кон село Тркање.
МВР – Штип соопшти дека во сообраќајката учествувале два патнички автомобили со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди на местото на настанот починале двајцата возачи на возилата,
Екипа на територијалната противпожарна единица од Кочани е на местото на настанот, а екипа на Полициската станица Кочани врши увид на местото на несреќата.