Делегација на Вертекс на средба со претставници на ФЗОМ за подобра грижа за пациентите со цистична фиброза

Денеска во Фондот за здравствено осигурување на Македонија остваривме средба за подобра грижа за пациентите со цистична фиброза, со делегација на Вертекс, предводена од Адријан Василиу, комерцијален директор за Централна и Источна Европа, и со учество на Игор Николов, советник на премиерот за реформи во здравството, објави на социјалната мрежа на Фесјбук директорот на Фондот Сашо Клековски.

Вертекс е единствениот производител на иновативна терапија за цистична фиброза во светот. Вертекс го истакна значењето на раната детекција, каде Македонија (МАНУ) има резултати на европско ниво, и потребата од колку е можно порано вклучување на болните. Фондот ја искажа благодарноста на напорите на Вертекс, како општо за иновативната терапија, така и специфично за поддршката на Македонија, која започнува во 2022 година. Исто така е истакната спремноста за подобрување на грижата со вклучување на повеќе пациенти што е можно порано. Со договор за брза следна средба за понатамишните чекори. Дополнително следната недела ќе заврши процедурата да уште еден лек – микрозим, од групата на панкреасни ензими, биде вклучен на позитивната листа на лекови, пишува Клековски во својата објава.