– Во Црна Гора денеска е Ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Младеновац и Смедерево.
Одлуката за прогласување Ден на жалост ја донесе Владата на Црна Гора.
Според таа одлука знамињата се спуштени на половина копје на сите објекти на органите на државната и локалната самоуправа и јавните институции.
Јавни, културни и забавни програми денеска нема да се одржуваат на јавни места, а музика нема да се емитува во угостителските објекти. Електронските и другите медиуми се должни своите програмски содржини да ги приспособат на одбележувањето на Денот на жалост.