Мажот (34) кој денеска ја убил својата девојка (26) во солариум во Нови Сад веќе и претходно бил пријавен претходно, пишува Телеграф.
Тој имал забрана за да не ѝ се приближува на девојката а целото оружје му било одземено пред неколку недели затоа што тој на неколку наврати и претходно ја нападнал. Се претпоставува дека тој денеска го украл оружјето со кое го извршил делото.
Како што пишува Телеграф, момчето влетал во еден солариум во градот, а потоа ја застрелал својата девојка. Девојката (26) починала на лице место. После тоа, тој си пукал во главата и од здобиените повреди починал.