Утрово од Дунав е извлечено телото на тригодишното дете чие исчезнување синоќа било пријавено во романската полиција.
Според локалните медиуми, синоќа полицијата добила дојава дека од продавница во Махмудија исчезнало дете, по што започнала обемна потрага.
Се стравувало дека детето паднало во реката, поради што биле ангажирани нуркачи, а телото го извлекле утрово.
Не се знае со кого било детето во продавницата во моментот на неговото исчезнување.
Медиумите јавуваат дека е поднесена пријава за убиство од небрежност.