Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам вчера ги насмеа сите на социјалните мрежи со својот неуспешен обид за фризура откако му остана „дупка“ во главата, а потоа покажа како изгледа откако се обиде да ја поправи ситуацијата.
Фудбалската легенда беше видливо фрустриран откако неговиот првичен обид за фризура не успеа, а потоа сподели фотографија на Инстаграм на која се гледа како изгледа откако ја поправи грешката.
„Дали е сè уште ужасно?“, ја прашал својата сопруга Викторија, заедно со селфи на кое може да се види со прилично кратка коса, со сè уште видлив „ќелав дел“.
Тој додаде: „Ова е најдоброто што можев да го направам со сегашната ситуација“.
Да потсетиме дека Дејвид претходно откри дека несреќата се случила додека ја бричел главата кога додатокот паднал од машинката за шишање, па завршил со дупка во косата.
„Не изгледа добро. Секогаш ќе бидам искрена со тебе, изгледа ужасно“, рече Викторија, меѓу другото.
За време на неодамнешното интервју со поранешниот соиграч и најдобар пријател Гари Невил за подкастот „Оверлап“, Бекам откри дека сака косата да му биде целосно кратко потстрижена.