Маркетите ги почитуваат мерките што се однесуваат на „гарантираната цена“, тврди денес претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Според него, некои производи како млекото и месото, веќе бележат поевтинување од 10 до 40 отсто.
„Мерките што се однесуваат на ‘гарантираната цена’ се почитуваат во маркетите без никаква селективност и веќе гледаме дека има намалување на цените на основни прехранбени производи од 10 до 30 и 40 проценти. Тоа се млекото, месото, производи од делот на зеленчукот, овошјето и тоа може да се види во маркетите“, истакна премиерот, одговорајжи на новинарски прашања по конференцијата „Македонска економија-довербата расте“.
Димитар Ковачевски уште еднаш напомена дека владините политики даваат резултат.