– Скопје, Тетово, Куманово, Кичево, Штип, Битола, Кавадарци, Велес, Струмица… ова се дел од градовите каде „Лидл“ ќе отвора супермаркети во Македонија. Иако нема точен датум за нивно отворање, бројните огласи за вработување, но и дел од градоначалниците потврдуваат дека крајот на годината најверојатно ќе биде периодот кога ќе се отворат продажните места на германскиот гигант. Синџирот супермаркети ќе набавува и земјоделски и индустриски кондиторски производи од нашиот регион и ќе ги продава на своите маркети во земјава, како и во други продавници во соседството. Лидл, како што веќе беше најавено, ќе понуди пониски цени за производите на мало и повисоки плати за вработените. Во моментов, меѓу другото, се најавени работни места за заменици менаџери на повеќе маркети низ државата.
Компанијата досега има ангажирано над 200 вработени, а нивниот број во иднина само ќе се зголемува. Меѓу најновите огласи на „Лидл“ се оние за позициите специјалист за плати и администрација, преведувач (продажба), експерт за HACCP, како и за организација и трансформација на човечки ресурси. Во изминатиот период континуирано имаше огласи за различни работни позиции.
Само во изминатата година беа ангажирани повеќе вработени кои се приклучија на тимовите за продажба, синџир на снабдување, логистика, човечки ресурси, набавки, ИТ и сметководство, финансии и даноци. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на почетокот на неделава го посети логистичко-дистрибутивниот центар што германската компанија „Лидл“ го гради во индустриската зона Речица, кај Куманово. Овој стратешки проект е од големо значење за економскиот развој на регионот и претставува значајна странска инвестиција во Северна Македонија.
„Изградбата на комплексот напредува според предвидената динамика и моментално е во фаза на затворање на магацин. Логистичкиот центар на Лидл зафаќа површина од 64.000 квадратни метри во рамките на комплексот од 170 хектари. Вредноста на инвестицијата е 80 милиони евра и по завршувањето на проектот се очекува да се отворат 150 нови работни места кои значително ќе се одразат на локалната економија“, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Двата супермаркети Лидл во Штип ќе бидат готови во 2025 година, најави минатиот месец градоначалникот на оваа општина Иван Јорданов. Едниот е веќе во изградба, а другиот се очекува да започне со работа во наредните месеци.
„Видете, ова е сепак приватна компанија, која според сопствени планови ја одредува динамиката на инвестициите и градежништвото. Она што е најавено е дека во 2025 година ќе биде завршен објектот на супермаркет „Лидл“ и како што веќе е информирана јавноста, во нашиот град ќе бидат сместени два објекта, или два супермаркети „Лидл“, рече Јорданов.
Германскиот ланец на супермаркети „Лидл“ лани го купи објектот „Бриколаж“ во општина Гази Баба Скопје, кој беше во сопственост на „Скопски пазар“ за 9,5 милиони евра. Исто така, основната идеја на „Лидл“ во секоја земја во која работи – е развој на локални производствени капацитети и заеднички раст и развој со локалните партнери. Производителите од Македонија извезле над 5 милиони евра преку продажната мрежа на Лидл во 2024 година. Извозниот промет е зголемен за 25 пати во споредба со истиот период минатата година, а заедно со Лидл – Северна Македонија, 20 македонски компании извезувале во 3 земји во регионот – Србија, Бугарија и Хрватска.
Минатата година, Лидл Северна Македонија оствари посериозен извоз на македонски производи во регионот, иако сè уште не е компанија која работи со продавници во земјата. За прв пат во Лидл Србија, Бугарија и Хрватска организиравме неколку тематски недели посветени на традиционалните македонски производи и презентација на автентичноста на македонската кујна.
„Производите ги исполнуваат сите потребни стандарди за висок квалитет и особено сме задоволни што се добро примени од потрошувачите. Ова е доказ за одличната соработка и успешните партнерства кои Лидл ги гради со локалните производители и добавувачи.
„Ќе продолжиме со овој позитивен тренд на поддршка на македонските компании и оваа година, со проширување на извозот во други земји“, рече Стефан Георгиев, директор за набавки на Лидл Северна Македонија. Безбедносни критериуми преку задолжителна имплементација на меѓународниот стандард IFS за квалитет и безбедност на храната. На овој начин познатиот локален ајвар, бело и црвено вино, јагнешко месо, кочански ориз, овчо сирење, козјо јогурт, малиџано, лутеница, пастрамајлија, слатко и многу други производи од сертифицирани производители постигнаа одличен извоз во соседните земји. По успешната евалуација и прифаќање на производите, предвидено е тие да бидат дел од редовната годишна дистрибуција и асортиман на Лидл.
Соседната земја Бугарија со развиен индустриски и земјоделски комплекс лани од бугарските производители во европската малопродажна мрежа на „Лидл“ успеа да оствари над 106,5 милиони лева или 54 милиони евра промет. Во 2024 година, благодарение на нивното партнерство со Лидл, вкупно 39 бугарски компании ги извезоа своите производи во 28 земји. Меѓу најизвезените производи во мрежата „Лидл“ за 2024 година. Традиционално тоа се лебот и пекарските производи, маслото, разните млечни производи, оризовите чипсови, разните кондиторски производи како чоколадните ореви, лепчињата и пецивата итн.