Младата холивудска актерка Мили Боби Браун изрази желба да ја портретира поп принцезата Бритни Спирс на големото платно, но нагласи дека тоа е сè уште животот на пејачката и „нејзино е да ја раскаже таа приказна“.
Актерката најпозната по улогата во серијата „The Stranger Things“ првпат ја спомна својата желба уште во 2022 година.
„Сакам да глумам вистинска личност и мислам дека за мене тоа е Бритни“, рече таа тогаш.
„Мислам дека нејзината приказна, пред сè, е многу слична на мојата. Само што растеше во очите на јавноста, ги гледаше нејзините видеа и интервјуа кога беше многу помлада…“, објасни Боби Браун, која и самата стана светски позната како девојка.
„Се чувствувам како да можам да ја раскажам нејзината приказна на вистински начин“, додаде актерката тогаш, но Спирс реагираше многу брзо.
,,Слушам дека некои луѓе би сакале да ме глумат во филм за мојот живот… Не сум мртва“, напиша пејачката на социјалните мрежи.
Се чини дека Боби Браун не се откажува, бидејќи ја допре оваа тема во новото интервју за Access Hollywood.
„Таа е апсолутна икона. Би сакалa повеќе од сè да бидам дел од нејзината приказна. Но, тоа е нејзина приказна и таа одлучува како ќе се раскаже таа приказна“, изјави актерката.
Минатото лето, Universal Pictures потврди дека мемоарите на Бритни Спирс „The Woman In Me“ се најдобрата основа за нов биографски филм за поп ѕвездата, а режисер ќе биде Џон М. Чу.
„Мислам дека оваа приказна кажува многу за тоа како се однесуваме со луѓето, младите, ѕвездите кои мислиме дека ги поседуваме… жените, мајките. Не можам да кажам многу за тој проект, освен што сум голем фан на Бритни долги години. Таа ја претставува генерацијата на луѓе кои пораснаа во раните 90-ти и раните 2000-ти. Нејзината приказна заслужува да биде раскажана како што треба“, коментираше тогаш Чу.
Од друга страна, Спирс ги збуни обожавателите кога пред две години навести дека „тајниот проект“ на кој работи со овој режисер не е биографија, туку „измислен мјузикл“.