Добри вести од Париз, Новак брзо ќе се опорави: Ѓоковиќ не игра на Вимблдон, а од ова зависи учеството на Олимписките игри

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше опериран на коленото во Париз, а закрепнувањето би требало да трае околу три недели.

Како што информираат од Спорт Клуб, при артроскопијата е утврдено дека не се работи за сериозна варијанта на повреда на менискусот на десното колено, туку за повреда за која не е потребна толку долга рехабилитација.

Закрепнувањето треба да трае околу три недели, но тоа ќе зависи и од други фактори, односно од развојот на самата рехабилитација.

Мали се шансите Ѓоковиќ да игра на Вимблдон без никаква подготовка, но дека учеството на Олимписките игри „сега изгледа многу пореално“.

Ѓоковиќ поради повреда без борба му го предаде мечот на Норвежанецот Каспер Руд во четвртфиналето на Ролан Гарос. Тој натпревар требаше да се одигра денеска.