ДОМ: Кога градот мириса на запалена гума два дена, лагите на премиерот претставуваат крајно нехумано однесување кон неговите граѓани

Зелената партија, ДОМ, остро ја осудува неодговорната и срамна изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека загадениот воздух „само изгледа алармантно“.

ДОМ предупредува: кога градот е покриен со чад и мириса на запалена гума веќе два дена, ваквите лаги не само што се некомпетентни, туку претставуваат и крајно нехумано однесување кон сопствените граѓани.

Зелената партија, ДОМ, бара итен крај на оваа политичка манипулација.

„Ако Мицкоски навистина мисли дека „визуелниот“ чад го заменува алармното ѕвонче, тогаш нека одржи презентација на 7-метарски гласачки ливчиња (кои, патем, бомбастично ги „објави“) наместо мерења на загадувањето. Граѓаните не се без разум кога станува збор за токсични честички што им ги уништуваат белите дробови, тие знаат кога некој се обидува да ги измами со предизборни политички трикови“, велат од ДОМ.