Лос Анџелес Лејкерс, како и сите НБА тимови, оваа недела ги започнаа подготовките за новата сезона, но во центарот на вниманието беше Лука Дончиќ, кој беше „уловен“ како јаде хамбургер во автомобилот откако претходно беше на строга диета.Една од најкоментираните теми ова лето беше физичката трансформација на Лука Дончиќ, кој откако дојде во лигата често беше критикуван поради прекумерна тежина.
За ова прашање зборуваше и тренерот на Лејкерси, Џеј Џеј Редик, кој не ја спомена директно словенечката ѕвезда, но беше јасно дека неговите зборови беа упатени кон Дончиќ.
На крајот од својата прва сезона, тренерот му даде инструкции на тимот да достигне „шампионска форма“ за време на подготовките, а тренинзите што ги спроведе тимот јасно одеа во таа насока.
Од друга страна, Дончиќ рече дека не станува збор само за физичка, туку и за ментална подготвеност.
„Не станува збор само за физичка, туку и за ментална подготвеност. И двете се многу важни. Работиме на тоа и резултатите се видливи. Сите се во одлична форма, сите трчаат многу, па досега сè оди одлично“, рече Дончиќ.
Сепак, оваа недела Дончиќ беше виден во својот автомобил како купува храна во популарниот синџир за брза храна „In-N-Out Burger“ во Калифорнија.
Фотографиите брзо станаа вирални и повторно ги разгореа критиките кон играчот на социјалните мрежи, меѓу навивачите кои се сомневаат дека Дончиќ ќе продолжи како што продолжи оваа сезона.
Инаку, Лука Дончиќ на почетокот од минатогодишната НБА сезона тежеше 104 килограми, а сега, една година подоцна и со безброј вежби и режими, вагата покажа 111 килограми.
Американските медиуми го припишуваат ова на фактот дека густината на мускулите е поголема од густината на мастите.
Мускулното ткиво има густина од околу 1,06 g/ml, додека масното ткиво има околу 0,9 g/ml, па затоа мускулната маса зафаќа помалку простор од истата тежина на маснотиите.
Ако имаме иста тежина на мускули и масти, мускулот ќе биде покомпактен, а масното ткиво пообемно, поради што луѓето кои имаат повеќе мускули може да изгледаат послаби, иако вагата покажува иста или поголема тежина.