До Нова година, исплата на К-15

И работниците во приватниот и во јавниот сектор до крајот на овој месец ќ добијат регрес за годишен одмор или популарниот К-15.

Над 84 илјади вработени во администрацијата ќе добијат по 11 илјади денари, а вработените во приватниот сектор, К-15 годинава ќе биде околу 16.800 денари, односно 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци.

Исплатата законски може да почне да се исплаќа од мај, но најголемиот дел се исплаќа во декември.

Услов за исплата на К-15 е работникот најмалку шест месеци во календарската година да работи кај ист работодавец. К-15 им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.

За работодавците што нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, Законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.