Словенија со недели се бори со невремето кое ја погоди а сега ја зафатија големи поплави. Автомобилите беа однесени од порои, а предизвикаа и одрони.
Словенечката метеоролошка служба (АРЅО) издаде црвено предупредување за северниот дел на земјата.
На Крвавац за половина час наврнале 30 литри дожд на метар квадратен. Најголеми врнежи имало во пределот на јужното подножје на Јулијанските Алпи и на подрачјето помеѓу Идријски Хрибовје кон Горењска и Корошка. На овие простори во текот на ноќта наврнале меѓу 100 и 200 литри на метар квадратен.
Ова е гилема количина на врнежи кои го погодија овој дел на Словенија додека ниту капка не паднала на морето и во Бела Краина.
„Денеска го засиливме предупредувањето за северниот дел на црвено, меѓу другото ќе има пообилни врнежи. Фокусот на врнежите ќе се помести од запад кон исток, каде на некои места сè уште нема заврнато“, изјави Бране Грегорчиќ од АРЅО.
Како што предвиде, врнежите ќе почнат да се намалуваат дури во сабота а ќе престанат во недела навечер. Во недела ќе има уште една бура, но тогаш не би требало да има некои поголеми проблеми, рече метеорологот.
„Но, имаме добри вести, во наредната недела времето ќе се стабилизира, во понеделник ќе има врнежи слаби врнежи, а од вторник сончево, а во втората половина повторно ќе имаме топло лето, блиску до 30 степени Целзиусови“, истакна тој.
Како што е објаснија од АРЅО, стационарните обилни врнежи веќе неколку часа се обновуваат во Горењска, Корошка и во реонот на Идријски, Шкофјелошки и Полхограјски ридови. Поплавите од големи размери се засилуваат на ова подрачје, предупредуваат тие.
Изразениот поплавен бран во Савиња, Камнишка Бистрица и Градашчица се движи низводно, Пољанска Сора е претежно сина во долниот тек.
Проблеми предизвикуваат и бројните одрони. Поради заробувањето, луѓето беа евакуирани од три кампови и неколку куќи.