Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предупреди на можен нуклеарен судир меѓу Москва и Западот, објави руската новинска агенција Интерфакс.
Како што пренесуваат руските медиуми, Шојгу рекол дека остануваат сè помалку чекори пред евентуален инцидент.
Шојгу одговори на написите во медиумите дека Велика Британија ќе и’ достави на Украина муниција што содржи осиромашен ураниум. Тој додаде дека таквиот потег ќе доведе до одговор од Русија.
Претходно денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го нарече британскиот план „југословенско сценарио“, велејќи дека муницијата предизвикува рак и е штетна за животната средина.
Потсетуваме, британската секретарка во Министерството за одбрана, Анабел Голди, изјави дека Лондон заедно со тенковите „Челинџер два“ треба да испрати разновидна муниција во Украина, вклучително и гранати кои содржат осиромашен ураниум.
– ,,Ваквите гранати се многу ефикасни за поразување на современите тенкови и оклопни возила” – рече таа.