Во селото Драженци во словенечката општина Птуј се случува вистинска драма, бидејќи непознат маж се заклучил во куќата и од тераса отворил оган кон полицајците.
Локалниот сајт Maribor24.si објави видео од напаѓачот.
Се наведува дека утринава полициската управа во Марибор било известено дека во близина на селото е забележан вооружен маж.
Таму веднаш била испратена патрола да им се придружи на полицајците од Птуј кои веќе пристигнале во селото.
Мажот се забарикадирал во куќата, а не се знае дали во неа има уште некој освен него.
Откако се приближиле до куќата, полициските службеници го виделе како стои на терасата со пиштол во рака и го повикале да го остави оружјето и да ја напушти куќата, но тој одбил.
Се наведува дека потоа пукал неколку пати во правец на полицијата.
После тоа на местото на инцидентот пристигнала специјална полициска единица и полициски преговарач, а според првичните информации засега нема повредени.
Полицајците повеќепати ги предупредувале мештаните да не се приближуваат до куќата.
РТВ Словенија јавува дека мажот има големо количество оружје во куќата.