Драстични промени во Америка по убиството на Кирк: Се воведуваат ригорозни мерки!

Заменик-државниот секретар на САД, Крис Ландау, изјави дека Стејт департментот ќе „преземе соодветни мерки“ против странците кои „го слават, оправдуваат или исмејуваат“ убиството на Чарли Кирк на социјалните мрежи.

Како што изјави тој, тие мерки би можеле да вклучуваат откажување на визите, практика што администрацијата веќе ја применува, особено за студентите поврзани со протестите против војната во Газа.

– Со оглед на вчерашното ужасно убиство на истакнат политички лидер, сакам да нагласам дека странците кои го величаат насилството и омразата не се добредојдени во нашата земја – напиша Ландау на својот профил на платформата X.

Тој додаде дека е „згрозен“ од реакциите на социјалните мрежи и дека им наредил на конзуларните службеници да ги следат коментарите на странците.

– Слободно насочете ми го вниманието кон ваквите најави со цел да го заштитиме американскиот народ – рече тој.

Како одговор на една од објавите, Ландау истакна дека на секој што ќе се идентификува како автор на слични коментари ќе му биде одземена визата, „ако воопшто ја има“.

Во последниве денови, тој почна да се претставува, шегувајќи се или сериозно, како „Ел Китависа“ – односно „укинувачот на визите“.