Дрогиран маж шетал по улиците во долна облека и ги нишал колковите: Нема да верувате што си ставил познатиот рапер на главата (ВИДЕО)

Раперот Лил Нас Икс беше хоспитализиран во Лос Анџелес откако беше виден како шета полугол по улица среде ноќ, а полицијата го совлада и го префрли во болница поради сомневање за предозирање.

Инцидентот се случил околу 4 часот наутро на булеварот Вентура во Студио Сити, каде што раперот бил забележан од минувачи облечен само во долна облека и каубојски чизми. Во еден момент тој ставил сообраќаен конус на главата и рекол дека оди на забава.

Поради неговото однесување, неколку луѓе повикале полиција, а кога полицајците пристигнале на местото на настанот, Нас се стрчал кон нив, поради што бил соборен и врзан.

Веднаш била повикана брза помош и тие процениле дека станува збор за можно предозирање, па музичарот бил итно префрлен во болница.

Иако моментално е под медицински надзор, властите размислуваат да поднесат обвинение, бидејќи наводно за време на притворањето се случила физичка пресметка со полицијата. Неговите претставници сè уште не го објавиле целиот настан.