Пред неколку дена, актерката, пејачка и претприемач Селена Гомез, чија козметичка компанија „Rare Beauty“ се проценува на повеќе од две милијарди долари, мораше да избрише видео на кое плаче поради насилните депортации и приведувања на Латиноамериканците од Службата за имиграција и царина на САД.
Според Дејли Мејл, 32-годишната Гомез морала да го направи тоа поради стравувањата дека приврзаниците на Републиканската партија би можеле да престанат да ги купуваат производите на нејзината компанија. И покрај тоа што го избриша видеото од Инстаграм, многумина ја симнаа објавата и ја објавија на други социјални мрежи, поради што беше нападната од републиканците и нивните поддржувачи. Еден од главните критичари беше неуспешниот републикански кандидат за Сенатот од Јута, Сем Паркер, кој побара депортација на Гомез.
Бришењето на видеото, за кое самата Гомез рече дека е нејзин момент на слабост, ја поттикна да престане да зборува за политичката ситуација на нејзините платформи.
„Таа сфати дека не може да оди против нацијата поддржана од републиканците – од кои многумина се лојални клиенти на нејзиниот бренд ,,Ретка убавина”. Таа не сака да ги изгуби. По таа драма, таа одлучи да остане надвор од политиката и да се фокусира на свој пат“, напиша британскиот таблоид, додавајќи дека актерката е многу страсна за оваа тема, но чувствува дека никогаш нема да победи.
Гомез официјално ја лансираше ,,Ретка убавина” во 2020 година, а од самиот почеток компанијата се гордееше со тоа што е инклузивна за сите типови кожа. Пред тоа, во 2019 година го продуцираше документарниот филм „Living Undocumented“ за мигрантите кои немаат правни документи, а беше инспирирана од приказната за родителите на нејзиниот татко кои исто така побегнаа од Мексико во САД и им требаше долго време да реши нивниот правен статус. И покрај бришењето, Google забележа пораст на интересот за терминот „Права на имигранти“ по видеото на Селена Гомез.
Инаку, Селена Гомез е една од главните актерки на филмот „Емилија Перез“, кој има најмногу номинации за Оскар (13). Сепак, за разлика од членовите на Академијата, филмските љубители не беа воодушевени од филмот.