Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

Жените во Европската Унија имаат просечно 63,3 години здрав живот, односно живот без ограничувања во активностите, додека кај мажите тој број е нешто понизок – 62,8 години, соопшти денеска Европската служба за статистика (Евростат).

Како што се наведува, жените живеат 5,3 години подолго од мажите – просекот кај жените во ЕУ е 84, а кај мажите речиси 79.

Кога станува збор за години здрав живот кај мажите – првото место го заземаат жителите на Малта (речиси 72 години), по што следат Италијанците (68,5), Швеѓаните (нешто повеќе од 67 години), додека на дното на табелата се Летонија (нешто повеќе од 51 година), Естонија (56,5) и Словачка (речиси 57).

Според годините здрав живот, жените од Малта се на прво место (нешто повеќе од 71 година), Бугарија (71) и Италија (скоро 70), додека најмалку такви години имаат жените од Летонија (нешто повеќе од 54), Данска (повеќе од 55) и Финска (речиси 56).