Холестеролот е масна супстанца што нашето тело ја користи за многу важни функции, но премногу лош холестерол може да доведе до таложење на масни наслаги во артериите. Оваа состојба, позната како атеросклероза, може сериозно да го наруши здравјето на срцето и крвните садови. Најголемиот проблем со високиот холестерол е тоа што повеќето луѓе не го чувствуваат – често се открива само кога ќе направите тест на крвта. Но, според БиБиСи, постојат одредени симптоми кои може да укажуваат на проблем.
Можни знаци на висок холестерол
Иако повеќето луѓе немаат видливи симптоми, некои може да забележат:
- Отечени тетиви, особено околу глуждот;
- Жолтеникави грутки или дамки на кожата:
- Масни наслаги на очните капаци;
- Тешкотии со ерекцијата кај мажите;
- Масни наслаги на рожницата на окото во форма на полумесечина.
Сепак, дури и ако немате ниту еден од овие симптоми, тоа не значи дека сте безбедни. Лекарите често препорачуваат тестирање за луѓе над 40 години или оние кои имаат висок крвен притисок, дијабетес или имаат прекумерна тежина.