Една мала промена во начинот на одење може да го забрза слабеењето

Пешачењето има бројни здравствени придобивки и треба почесто да го практикувате. Ако сакате да пешачите и вашата цел е да изгубите калории и килограми, постои една мала промена која може да ви помогне да постигнете подобри резултати.

Спортските сали едноставно не се за секого, бидејќи помислата да се влезе во теретана може да биде сосема непријатна. Сепак, излегувањето во природа секогаш ќе ве натера да се чувствувате подобро, а здравствениот експерт Седрик Брајант сподели начини на кои можете да изгубите тежина додека се шетате секој ден.

Тој вели дека „одењето по нагорнина или на наклон на лента за трчање го зголемува интензитетот и предизвикот на одење“ што значи дека ќе биде поефективно ако целта ви е слабеење.

„Исто така, можете да воведете некои интервали во кои ја менувате брзината на одење. “, наведува.

Ако сте еден од оние луѓе кои сакаат да одат во теретана, можете да го вежбате истиот тренинг на лента за трчање со зголемување на брзината и наклонот по три минути. Исто така, Брајант рече дека движењето на рацете при одење или брзо одење може да ви помогне да согорите повеќе калории.

Тој препорачува пешачење 45-60 минути дневно за да помогне во губењето килограми.

Тековните упатства на Националната здравствена служба наведуваат дека сите возрасни треба да имаат за цел да се вклучат во активности кои ги зајакнуваат сите мускулни групи двапати неделно и да имаат најмалку 150 минути активност со умерен интензитет неделно.