ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ САГИ ВО ФУДБАЛСКАТА ИСТОРИЈА ЗАВРШИ! Мбапе е новиот играч на Реал Мадрид – најпознатиот фудбалски инсајдер откри се

Сагата која траеше долго време конечно заврши, нов играч на Реал Мадрид е Килијан Мбапе !

Иако тоа веќе им беше познато на многумина, најпознатиот фудбалски новинар во светот Фабрицио Романо стави крај на целата сапуница.

Се зборува дека целата документација е комплетирана, додека гигантите од Мадрид ќе го потврдат трансферот следната недела.

Инаку, челниците на Пари Сен Жермен напорно работат на неговата замена.

Како идеално решение им се наметнува суперѕвездата на Наполи, Квича Кваракели.

Грузискиот репрезентативец има нешто послаба сезона од претходната, но сепак е еден од најдобрите млади фудбалери во светот, а ПСЖ многу го посакува во своите редови.