Ексклузивно папарацо: Душко Тошиќ полуде по пејачката! Повторно фатени заедно!

Синоќа на елитниот капитален сплав за атмосферата на приватна прослава беше задолжена пејачката Ина Гардијан, а од првите редови го следеше Душко Тошиќ, поранешен српски фудбалски репрезентативец.

Уште еднаш се потврди дека „каде има чад има и оган “, а колку што атрактивната бринета се бореше да докаже дека нема никаква врска со поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша, порталот „Информер“ уште еднаш докажа дека Ина Гардијан и Душко Тошиќ ја кријат својата врска. 

Имено, младата пејачка изведуваше хитови од постарите колеги, успешно ги крена гостите на нозе, а поранешниот дефанзивец се трудеше да не ги привлече погледите на присутните од далечина иако цело време погледот му беше вперен во убавата Гардијанова.

Секогаш кога колешката ќе го земе микрофонот, Ина го земала мобилниот телефон, а во исто време и Душко го земал неговиот. Намерно или не, најголемиот дел од репертоарот на заносната пејачка го сочинуваа песни на Светлана Цеца Ражнатовиќ и сосема неочекувано немаше ниту една песна од популарната ЈК. 

Тошиќ во еден момент мораше да стане и да и пријде на Ина, која уживаше во вниманието на сега веќе фудбалскиот менаџер, а погледите кои ги разменуваа во текот на вечерта недвосмислено потврдија дека се многу повеќе од тоа како се претставуваа во јавноста.