Кога ќе влезете во тие фамозни четириесетти, хормоналните промени се неизбежни. Заедно со промените во вашето тело и расположение, ќе забележите како се менува и вашиот сексуален живот.
Имате помала желба за секс Кога ќе влеземе во четириесеттите, хормоните полека почнуваат да се менуваат. И ова може да доведе до тоа жените да имаат помала желба за секс. Исто така, може да се случи на жените да им треба подолго време за да бидат подготвени за секс, со честиот проблем со сувост на вагината.
Овој притисок може да се намали со помош на лубрикант. Исто така, разговорот со партнерот ви помага повторно да почнете да уживате во сексот
Многу потешко е да забремените
Колку е постара жената, толку повеќе опаѓа квалитетот и квантитетот на јајце клетките, па затоа е потешко да забремените. Шансите за зачнување по 40-тата година значително се намалуваат, бидејќи се намалува количината и квалитетот на јајце клетките за оплодување. Покрај тоа, ризикот од самата бременост се зголемува со возраста, па по 40-тата година се зголемува ризикот од спонтан абортус.
Почесто доживувате оргазам
Мит е дека зрелите жени не можат да доживеат оргазам. Имено, со годините жената има повеќе искуство и самодоверба. Таа е поотворена и повеќе ужива во сексуалниот чин. Токму тоа се причините поради кои жените во четириесеттите години доживуваат оргазам многу полесно за разлика од кога биле помлади.
Мажот може подолго да го одложи оргазмот
Како и кај жените, нивото на машкиот хормон се менува со возраста. Ова води до фактот дека тој може подолго да го одложува оргазмот, а поинтензивно да ужива во сексот. На овој начин ќе има повеќе време за партнерката, а со тоа и веројатноста за заеднички оргазам е поголема, пишува Стил.
Ќе најдете нови начини како да се забавувате во кревет Ако не ви оди добро како порано во креветот, тоа е можност да внесете некоја новина во вашиот секс. Пробувајќи нови работи, ќе имате повозбудливи нови искуства.