Израел продолжува да елиминира воени лидери, како и нуклеарни научници.
Тројца ирански нуклеарни научници се убиени во израелски напади, според новинската агенција Тасним.
Овие три имиња – Али Бакаеи Карими, Мансур Асгари и Саид Борџи – се додаваат на шест други претходно објавени од Иран, со што вкупниот број се искачи на девет, во согласност со тврдењата на израелската војска.
Израел вели дека овие напади се дел од напорите за ограничување на нуклеарните амбиции на Иран, пишува skynews .
Нагласуваме дека Израел елиминирал и неколку високи воени команданти, предизвикувајќи голема штета на Иранците.
Инаку, разговорите меѓу Иран и САД за нуклеарен договор се доведени во прашање по овие случувања.