Фудбалскиот репрезентативец на Северна Македонија, Елиф Елмас е позајмен играч од Торино, објави италијанскиот прволигаш.
Според информациите, Торино ќе може да го откупи договорот на Елмас од германскиот бундеслигаш Лајпциг, на кој тој дојде од Наполи на почетокот на 2024 година.
„Фудбалскиот клуб Торино со задоволство може да објави дека го стекна правото на спортски настап на фудбалерот Елиф Елмас од Лајпциг, на привремена основа, со можност за трајно купување”, стои на веб-страницата на италијанскиот клуб.
Елмас во Торино ќе го носи дресот со број 11, а договорот е позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп за 18 милиони евра од Лајпциг.
Договорот на Елмас со Лајпциг е со важност до јуни 2028 година, а медиумите тогаш објавија дека германскиот клуб Наполи платил 25 милиони евра за да го доведе Елмас.
Елиф Елмас е роден во Скопје, играше за Работнички од кој се пресели во Фенербахче, а оттаму во 2019 година во Наполи, за кој одигра 189 натпревари и го освои првенството и Купот на Италија.
Во тимот на Работнички дебитираше во октомври 2015 година, на само 16 години, а за нашата репрезентација забележа 65 настапи, 13 гола и 10 асистенции.