,,Енергетската војна со Русија, Европа ја чинеше 1.000 милијарди евра!” Познат економист открива дали Европа повторно ќе купува руски гас и под кои услови!

Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ објави текст во кој се наведува дека Европската унија ја разгледува можноста за обновување на купувањето на руски гас.

Според овој весник, европските претставници наводно разговараат дали повторно да покренат иницијатива за продажба на руски гас на Европската унија, т.е. купување на руски гас како дел од потенцијалното решение за ставање крај на војната во Украина, според луѓе запознаени со дискусиите.

Поддржувачите на купување руски гас тврдат дека тоа ќе ги намали високите цени на енергијата во Европа, ќе ја охрабри Москва да седне на преговарачка маса и ќе им даде причина на двете страни да спроведат и одржат прекин на огнот и да постигнат мир во Украина.

Сепак, покренувањето на идејата за повторно отворање на протокот на руски гас во Европа, дури и во прелиминарни дискусии, веќе предизвика бурни реакции кај најблиските сојузници на Украина во ЕУ.

Тројца функционери информирани за тековните разговори рекоа дека идејата била поддржана од некои германски и унгарски официјални претставници, со поддршка од други членки на ЕУ кои сметаат дека тоа е начин да се намалат европските трошоци за енергија, објави Фајненшл тајмс.

Во оваа прилика разговаравме со српскиот економист и дипломат Среќко Ѓукиќ, кој на самиот почеток на разговорот рече дека изјавите за купување руски гас за Европа се многу прерани.

– Мислам дека изјавите за купување руски гас за и во Европа се многу предвремени. Без разлика кој тоа го најави, ова е можна зделка дури откако ќе заврши војната во Украина – нагласи Ѓукиќ.

Западот и светот се обидуваат да ги затворат сите канали на руски приходи од нафта, гас, јаглен, нуклеарно гориво и благородни метали, бидејќи, како што вели нашиот економист, со тоа директно се финансира рускиот воен буџет.

– Од друга страна, Европа и Европската унија имаат негативно искуство со прекумерното купување на руски гас, што доведе до голема зависност од Русија – истакнува Ѓукиќ.

Според нашиот експерт, нема потреба да се повторуваме и зборуваме за тоа колку се важни гасот и нафтата како политички алатки.

– Европската унија плати превисока цена за својата зависност од рускиот гас за така лесно да продолжи со своите набавки. Имено, Русија во 2022 година ги затвори чешмите на рускиот гас за Европа, а потоа Европа мораше да плати две, три и четири илјади евра за 1.000 кубни метри гас, што е за 10 до 40 пати повеќе од пазарната цена – вели тој.

Ѓукиќ смета дека енергетската војна со Русија ја чинела Европа речиси 1.000 милијарди евра.

– Точно е дека Европа сега купува малку течен гас, кој е поскап од гасот од цевките, но Европа има гас и не е без него – додаа тој.

– Приказната за купување руски гас не треба да се гледа само преку приказната за крајот на војната во Украина, туку и преку зелената транзиција која треба да ги намали емисиите на јаглерод диоксид во воздухот во наредните децении – заклучуи економистот.