ЕП: Северна Македонија би можела да се приближи до членство во ЕУ

Европскиот парламент нагласува дека Северна Македонија може да ги отвори преговорите за членство во ЕУ.

„Северна Македонија може да се приближи кон членство во ЕУ, но мора да дејствува“, пишува на Фејсбук профилот на Европскиот парламент.

Европскиот пат на Северна Македонија во моментов е блокиран поради спорот со Бугарија.

Единствениот услов Северна Македонија да започне преговори со ЕУ е измена на Уставот, имено вклучување на Бугарите во Уставот на земјата.