Најпознатата плус-сајз манекенка Ешли Греам привлече големо внимание со долната облека.
Луксузниот бренд за накит Сваровски го прослави отворањето на нова продавница во Њујорк и ја претстави соработката со Ким Кардашијан, а во оваа прилика покани многу познати личности на гала настанот.
Меѓу ѕвездите се најде и моделот со сензационални линии, кој привлече големо внимание.
Убавата бринета пристигна во прилично провокативна облека, само долна облека и долга проѕирна треперлива мрежа, со која го засили целокупниот впечаток и не сакаше ништо да сокрие.
Како и секогаш, Ешли покажа целосна самодоверба со своите бујни облини во раскошни гаќички и градник, додека изданието го комплетираше со накит за тело од кристал Сваровски.
Таа не можеше да одолее на популарните шпиц сандали и ја врза косата во реп и повторно ни покажа зошто е меѓу најпопуларните убавици.
36-годишната девојка многу добро знае како да привлече внимание промовирајќи природен изглед, па и сега се најде во фокусот на интересот на јавноста.