Жена жива закопана, 11 дена се мачела да излезе од сандакот! Мештаните го предупредувале семејството за врисоците од гробот: „Таа офкаше и тресеше…“ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Жена од Бразил по грешка била жива закопана и следните 11 дена се обидувала да излезе од ковчегот!

Росангела Алмеида дос Сантос (37) со денови очајно врескала додека се обидувала да се ослободи. Деталите за грозоморниот инцидент што се случи во мал град на истокот на земјата во 2018 година сè уште ја заледуваат крвта до ден-денес.

На снимката се гледа метежот на мештаните кои извадиле тежок ковчег од локалните гробишта и го тргнале капакот. Се слушаат некои луѓе како бараат некој да повика брза помош додека еден од мештаните ја допира жената по стапалата и коментира дека е топла.

Жената била пренесена во болница, но била констатирана смрт и повторно погребана следниот ден.

Локалните жители кои живеат во близина на гробиштата претходно го предупредија семејството 11 дена откако Росанџела беше погребана дека слушнале врисоци и удари од гробницата.

Телото на несреќната жена сè уште било топло и свртено во поинаква положба од онаа во која било ставено во ковчегот. Имала повреди на рацете и челото кои најверојатно ги здобила додека се борела да излезе од ковчегот. Испаднала и памучната волна која и’ била во ушите и ноздрите.

„Ноктите околу страните на капакот на ковчегот беа турнати нагоре, а внатре имаше гребнатини и крв“, изјави тогаш очевидец.

Несреќната Росангела претходно била пренесена во болница во североисточната бразилска држава Баија од страна на нејзиното семејство бидејќи со денови се чувствувала лошо. Жената, која била мажена, но немала деца, наводно боледувала од несвестици од својата седумгодишна возраст и земала антиконвулзивни лекови.

Лекарите рекоа дека набргу по пристигнувањето, таа доживеала два срцеви застои и починала од септичен шок.

Росанџела беше погребана следниот ден во бетонска гробница на општинските гробишта во нејзиниот роден град.

Наталина Силва изјави за бразилската веб-страница G1 во тоа време дека многу луѓе слушнале придушен крик во текот на ноќта.

„Слушнав звук на тропање од гробницата. Мислев дека децата што си играат на гробиштата си играат со мене. Потоа го слушнав нејзиното стенкање накратко. После тоа ништо не се слушна“, рече Силва.

Германа де Алмеида, мајката на несреќната жена, изјави дека откриле повреди на телото за кои тврдела дека ги немало кога ја погребале.

„Таа се обиде да го отвори капакот. Дури и клинците што беа заковани беа лабави. Нејзините раце беа повредени бидејќи се обидуваше да излезе надвор“, рече Алмеида.

Ана Франциско Диас изјави за бразилската ТВ станица Глобо дека повеќе од 500 локални жители се собрале на гробиштата кога била отворена гробницата.

„Сите дојдоа да видат. Многу луѓе ја допираа нејзината нога и почувствуваа дека е уште топла“, рече Дијаз.