Драматична приказна е снимена во индонезиската провинција Ачех, каде крокодил нападнал 59-годишна жена која собирала полжави во реката.
Таа беше нападната од заседа во понеделникот, а откако злобниот предатор ја зграпчи за раката со вилиците, таа реши да возврати, пишува Daily Mail.
Таа не престана да се бори
Несреќната жена во чамец барала полжави кога од матната вода излетал крокодил, ја фатил за рака и ја влечел.
Почнала да вреска, а во исто време со слободна рака го удирала ѕверот во глава! Таа не престана да се бори, а во еден момент почувствува дека и се олабави стисокот.
Потоа се појавил друг брод со луѓе кои го слушнале нејзиниот крик и крокодилот решил да побегне во длабочината. Тој ја ослободил жртвата, која мештаните ја пренеле на безбедно.
Заврши со 15 конци
На интернет кружи снимка од маж како ја носи во раце, по што била ставена во приколка за мотоцикл и однесена во болница.
„Додека влечев речна трева во потрага по полжави, одеднаш се појави крокодил и ме касна за рака. Веднаш му возвратив и во исто време се молев. За среќа ме слушнаа луѓето од другиот брод и веднаш дојдоа“, рекла жената од болничкиот кревет.
Завршила со 15 конци во раката, но избегнала ужасна смрт. Селаните од нејзиното село Пахрул Раџи сега го ловат крокодилот бидејќи очигледно е голема закана.
„Нашата заедница ја користи реката за различни активности. Загрижени сме бидејќи таму се капат и деца. Затоа сакаме што побрзо да го фатиме крокодилот“, велат тие.