Според една нова студија, синовите на жените кои пушат за време на бременоста доживуваат подолготрајни несакани ефекти од нивните ќерки.
Истражувачите од Универзитетот во Абердин ги разгледале податоците од 500.000 луѓе, низ Велика Британија, за да ги проценат генетските врски. Тие рекоа дека резултатите покажале дека мажите родени од жени кои пушеле за време на бременоста имаат поголема веројатност да умрат помлади ако продолжат да пушат самите.
Истражувачкиот тим рече дека се надеваат дека резултатите би можеле да и ‘помогнат на медицинската заедница да развие нови стратегии за советување за пушачите. Тимот ја разгледа генетската врска помеѓу мајките и нивните возрасни деца.
Користени се податоци од 500.000 лица од 22 центри во Шкотска, Англија и Велс. Тие откриле дека, во секоја фаза, машките фетуси и возрасните синови биле повеќе погодени од пушењето на мајката за време на бременоста отколку жените.
Тие рекоа дека тоа е докажано со промените во нивото на различни гени во црниот дроб на машките фетуси уште во 17-та недела од бременоста. Сепак, авторите рекоа дека ако возрасен маж се откаже од пушењето или воопшто не пуши, тој може да се спротивстави на сите ризици.
Тимот беше предводен од професорот Пол Фаулер.
„Се надеваме дека нашите наоди ќе го отворат патот за истражување на молекуларните ефекти од пушењето кај мајките, што ќе и’ овозможи на научната заедница да ги открие специфичните механизми со кои оваа особина модифицира или предизвикува одредени болести“, рече тој.
– На крајот на краиштата, исто така се надеваме дека тоа ќе и’ помогне на медицинската заедница да развие уште подобри стратегии и кампањи за советување за откажување од пушењето. Пушењето на мајката за време на бременоста е поврзано со многу здравствени проблеми за бебињата. Сепак, претходно имавме ограничено знаење за тоа кои процеси во матката се засегнати од пушењето на мајката и како тие се претвораат во намалено здравје подоцна во животот. Нашите наоди покажуваат дека пушењето на мајката влијае на здравјето на бебето, особено кај мажите, уште во вториот триместар и тоа продолжува во текот на зрелоста.