Приказната за млад пар кој бил фатен за време на жешка акција во тоалетот на авионот доби шокантно продолжение!
Еден млад човек и една девојка, да потсетиме, биле фатени како имаат секс од член на екипажот на Easyjet кога ја отворил вратата од кабината, а еден од патниците на летот од Лутон до Ибица ја снимил необичната сцена.
Парот, сепак, не бил расположен да ја прекине акцијата и младиот човек веднаш ја затворил вратата.
Во друга снимка, тие можат да се видат како мавтаат со рацете без срам додека одат по патеката на авионот до своите седишта додека другите патници гласно ги бодрат.
Откриено е дека младиот човек се вика Пирс Соер и дека патувал кон Ибица да го прослави својот 23-ти роденден, а неговата мајка Елејн зборувала за локалните медиуми за да ги открие шокантните детали.
Елејн истакна дека е шокирана бидејќи видеото од нејзиниот син наголемо се споделува на социјалните мрежи и додаде дека за младиот пар се разговарало и во популарната емисија „Wives“ на ITV.
„Тоа не е нешто што една мајка сака да го види“, рече Елејн.
Таа додаде дека не мисли оти младиот пар со своите постапки повредил некого и наведува дека стјуардот не требало само така да ја отвори вратата.
Мајката исто така вели дека е згрозена затоа што нејзиниот син станал вирален поради секс во авионски тоалет со жена која штотуку ја сретнал на аеродром.
– Свесни сте дека такви работи ќе се случат на дестинација за одмор, но не очекувате тоа да се случи на лет. Едноставно понекогаш не размислувате за такви работи. Да, срамота е, но мислам дека не повредуваат никого со своите постапки – рекла мајката.
Елејн додава дека нејзиниот син не сака да зборува за инцидентот и верува дека веројатно само сака да го заборави.