Жељко Самарџиќ отсекогаш бил човек мирна по природа, секогаш подготвен да им помогне на сите, но еднаш неговата добрина го чинеше ќотек на кој и денес се сеќава.
Имено, тој сакал да му помогне на дедо му во овоштарникот и да го изненади, но неговото добро дело се покажало како пакост.
– Кога бев мал, дедо ми имаше голем овоштарник кој постои и денес. Сакав да покажам колку сум вреден, па берев ореви. Наполнив полна корпа а оревите уште беа зелени. За тоа ме тепаше дедо ми – се сеќава познатиот пејач.
Потсетуваме дека на Жељко неодамна му беше дијагностициран Хашимото, за што неодамна зборуваше.
– Од моментот кога ми се случи Хашимото, како да ми се сруши светот, не знаев што не е во ред со мене. Сега продолжив со нормален живот бидејќи редовно земам терапии. За три месеци одам на преглед и проверувам крвна слика. Болеста ме промени од корен. Порано земав чашка ракија или повеќе вино, но сега не можам затоа што морам да ги заштитам гласните жици – изјави Самарџиќ.